Што донираа семејствата на Анте Поповски и Матеја Матевски на Музејот на македонската борба? 


Предмети од личните фондови на истакнатите македонски академици Анте Поповски и на Матеја Матевски , како дар од нивните семејства, сега се дел од музејската колекција на Музејот на македонската борба во Скопје. Бројните гости од културниот живот на земјата, и академици кои можеа да се избројат на прсти, синоќа, на свеченоста, по повод музејскиот омаж на бардовите на македонската литература и култура, ги видоа нивните изложени лични документи и дипломи, награди, признанија, ордени, фотографии, други документи за идентификација, потоа документи за професионалната дејност како лични ракописи, кореспонденција, реферати, нацрти, концепти, уметнички слики од Коле Манев и Вана Урошевиќ, рачни и џебни часовници…

Со овој чин, Музејот ги збогатува фондовите со подарени материјали за еминентните претставници на втората генерација македонски книжевници, чии дела оставија силен печат врз општествената и културната сцена во втората половина на 20. век.

Лични предмети на Анте Поповски

Активностите се дел од градењето блиски релации со јавноста преку прибирање значајни материјали поврзани со патот до македонска државност и слобода, започнати од отворањето на музејот до денес.

М-р Данијела Трајкова Крстиќ, виш кустос и автор

На промоцијата се обратија Ана Китановиќ, в.д. директор и автор, м-р Данијела Трајкова Крстиќ, виш кустос и автор, и претставници на семејството Поповски и Матевски.

Денко Матевски, синот на Матеја Матевски
„Убавината на настанот, вечерва е дополнително поголема, бидејќи сите нас не обединува пишаниот збор во творештвото на Поповски и Матевски, како претставници на една „поетска генерација која ги изгради естетските фундаменти за развојот на модерната македонска литература“. Искрено верувам дека книжевното и културното наследство на Поповски и Матевски ќе бидат инспирација за секој посетител, да зачекори во едно не толку далечно време, на места во кои нивното величество зборот и логосот и денес одекнуваат како ехо укажувајќи ни дека (цитат од А. Поповски) „ мајчиниот јазик и јазикот со сета своја широчина  е централна поента на она што сме ние како човештво“ , истакна синоќа во своето обраќање, Данијела Трајкова – Крстиќ. 
 
Мартин Матевски, синот на Матеја Матевски
Музејските омажи се замислени како блиски средби на посетителот со поетите, академиците, но и личностите Анте Поповски и Матеја Матевски, раскажани на автентичен начин преку музејски предмети кои композициски се поставени во тематски целини. 
 
Донацијата од личните фондови на Анте Поповски содржи 46 предмети, ракописи, одликувања, фотографии… – Александар Поповски, еден од синовите на Анте Поповски
Анте Поповски (1931- 2003) е македонски книжевник, поет и есеист, публицист, сценарист, продуцент, преведувач, општественик и академик. Како член на МАНУ и Светската академија на поезијата на Организацијата за образование, наука и култура на Обединетите нации (УНЕСКО), се профилира како еден од афирматорите на македонска книжевна и културна сцена на национално, но и на меѓународно ниво.
 
Уметничкото дело портрет на Матеја Матевски од Вана Урошевиќ

Матеја Матевски (1929- 2018) е меѓу најзначајните личности во македонската современа литература и култура, поет на европската лирика, есеист, новинар, преведувач, литературен и театарски критичар. Истакнат општественик и член на МАНУ од 1970 со значаен придонес во областа на книжевноста и културата на Македонија. (Л.С.)

Уметничкото дело портрет на Анте Поповски од Коле Манев

Академик Влада Урошевиќ