Што бара Блејк Лајвли на листата на „Тајм100“?


Блејк Лајвли се најде на удар од корисниците на социјалните мрежи откако беше именувана на листата на „Тајм100“ на највлијателни луѓе во 2025 година, во услови на правна битка со Џастин Балдони.

„Тајм“ ја објави листата на највлијателни во шоубизнисот за 2025

Откако „Тајм“ ја објави својата годишна листа во среда, многумина беа изненадени кога ја најдоа ѕвездата на „Озборувачка“ во друштво на познати личности како Серена Вилијамс, Ед Ширан, Деми Мур, Снуп Дог и други.

Многумина ја критикуваат одлуката

„Што точно таа некого научила или инспирирала?“, „Блејк Лајвли на оваа листа е навреда за сите оние кои навистина ја заслужуваат“, „Блејк не е влијателна – таа е манипулативен и злобен насилник“, „Само во Холивуд можеш да лажеш и да завршиш на листата на највлијателни“, се само некои од коментарите на социјалните мрежи.

 

 

 

Screenshot: Instagram

 

Блејк Лајвли беше првата што поднесе тужба минатиот декември, тврдејќи дека Балдони започнал „клеветничка кампања“ против неа поради тензијата на снимањето на филмот „It Ends With Us“ и дека тој сексуално ја вознемирувал. Балдони (41) возврати со контратужба за клевета од 400 милиони долари против Лајвли (37), Рејнолдс (48) и „Њујорк тајмс“, кој објави обемна статија за нејзините тврдења.