Шпанскиот БДП би можел да потоне до 12,4 отсто


МАДРИД, ШПАНИЈА Грст автомобили на улицата „Гран виа“. Половина од заболените лица во Шпанија се во Мадрид

Економијата на Шпанија може да забележи поголем пад поради пандемијата отколку по последиците од финансиската криза, предупреди Централната банка.

БДП би можел да се намали и до 12,4 проценти, со уште помалку драматично сценарио кое предвидува подлабок пад на активноста отколку по последиците од светската финансиска криза 2008/2009 година.

Најверојатниот пад е 9,5 проценти, забележуваат тие, предвидувајќи закрепнување во 2021 година, но недоволно силно за да се спротивстави на годинешниот пад. За 2021 година, според тоа, се предвидува активности во распон од 5,5 до 8,5 проценти.

Стапката на невработеност во Шпанија, меѓу највисоките во Европа, може да се искачи од околу 14 на 21,7 проценти оваа година.

Огромните државни субвенции за економијата може да го зголемат буџетскиот дефицит како дел од БДП на седум до 11 проценти, проценува централната банка.