Шпанската влада праќа илјадници полицајци во Каталонија


Шпанската влада одлучи да прати илјадници полицајци во Каталонија на ден пред парламентарните избори на 10 ноември.
Оваа одлука следеше по бројните улични протести на радикалните приврзаници за независност на Каталонија.
На тој начин властите сакаат да ги спречат нередите на улиците, како неодамнешните кога беа повредени околу 600 лица, а уапсени се 200, пренесе Ел паис.

Како што се наведува, ќе бидат распоредени 2.500 полицајци и околу 2.000 приправници на цивилната гарда кои ќе патролираат по улиците, иако според некои извори бројот на полицајци ќе биде многу поголем.
„Распоредивме значителен број сили на државната безбедност за да обезбедиме мир во денот во кој граѓаните и нивниот глас мора да бидат во центар на внимание“, рече шпанскиот премиер Педро Санчез за телевизијата РНЕ.