Шпанија денес ќе гласа за протоколот за НАТО
Шпанскиот Сенат денеска конечно треба да ја заврши постапката за ратификација на протоколот за членството на Македонија во НАТО. Претходно тоа го направи долниот дом на шпанскиот парламент. По ратфикацијата во Сенатот документот треба да оди на одобрување и потпис кај кралот Фелипе Шести. А потоа протоколот ќе биде испратен во депозитарот во американскиот Стејт департмент во Вашингтон.
Шпанија е последната земја што треба да го ратификува протоколот. Целата процедура таму се оддолжи поради политичката криза кога 10 месеци не можеше да се формира влада и се одржаа два пати избори.
Поради кризата со Ковид-19 и драстичните мерки што ги презеде шпанската влада се очекува најголем дел од сенаторите да гласаат електронски за да не присуствуваат на седница.