Шпан: Германија во одлучувачка фаза на пандемијата на корона вирусот
Германија е во одлучувачка фаза на пандемијата на корона вирусот, изјави денеска германскиот министер за здравство Јенс Шпан.
Тој додаде дека ситуацијата е сериозна и оти ноември ќе биде тежок месец.
– Бројот на луѓе на кои им се потребни респиратори исто така значително се зголемува, рече Шпан на прес-конференција, еден ден откако Германија воведе делумно затворање за да го забави ширењето на вирусот и да се осигура здравствениот систем да не биде преоптоварен.