Шок во Њујорк – Ѓоковиќ елиминиран од УС Опен


 

Новак Ѓоковиќ беше елиминиран од УС Опен веќе во третото коло. Алексеј Попирин беше подобар од актуелниот шампион со 6:4, 6:4, 2:6, 6:4.

Очајните сервиси го чинеа Ѓоковиќ бидејќи овој пат беше далеку од неговото ниво.

Ова беше негово најрано излегување од Грен слем од Австралија Опен во 2017 година.

Натпреварот меѓу Ѓоковиќ и Попирин доцнеше  час и 20 минути во однос на предвидениот термин, па таа телевизиска програма мораше да се пополни. Така, во ТВ преносот беше виден детал кој инаку можеби немаше да стигне до екраните.

Имено, Новак Ѓоковиќ се пожали на проблеми со стомачните мускули на натпреварот против Ласло Џеро, а се чини дека проблемот не престанал.

Многумина сметаат дека тоа е причината за страшниот настап на Ѓоковиќ. Пред сѐ, кога е во прашање сервисот (првиот сервис го погодува под 50 проценти), но и форхендот, кој е далеку од онаа поразителна моќ.

Камерите тајно го снимиле Ѓоковиќ како лежи на земја, додека Миљан Амановиќ, физиотерапевт, му помага со масажа и притисок на болното место.

Таа фотографија набрзо се прошири на социјалните мрежи и покажа дека многумина се сомневаат дека проблемот е уште посериозен.

„Му честитам нему и на неговиот тим. Беше подобар и заслужи да победи. Што се однесува до мене, од самиот почеток на турнирот, како играв и како се чувствував, третото коло е успех. Го играв можеби мојот најлош тенис досега, а мојот сервис никогаш не бил полош“, изјави Ѓоковиќ по поразот.

Претходниот ден, и Карлос Алкараз го загуби мечот од 2. коло на УС Опен и беше елиминиран рано на последниот Грен слем турнир во сезоната, каде што беше еден од фаворитите за титулата. Победникот на овој турнир од 2022 година беше поразен во три сета од Ботик ван де Зандшулп, 74. рангиран тенисер во светот. Беше 6:1, 7:5, 6:4 за Холанѓанецот по 2 часа и 21 минута од натпреварот.