Шкупи и Левски ќе бидат казнети од УЕФА?!
Европската фудбалска федерација (УЕФА) се очекува да поведе дисциплинска постапка против Шкупи и Левски за инцидентите поврзани со синоќешниот дуел во Скопје меѓу македонскиот и бугарскиот тим во рамки на првиот натпревар од второто коло во Конференциската лига.
Натпреварот официјално го следеа 6.000 гледачи од трибините на Националната арена „Тодор Проески“, меѓу кои околу 900 дојдоа организирано од Софија да го бодат бугарскиот тим. Дисциплинското тело на УЕФА се очекува да отвори истрага поради дискриминаторско скандирање кое можеше да се слушне од навивачките групи на двете страни за време на натпреварот, поради што на средина од второто полувреме беше издадено официјално предупредување на Арената во Скопје дека дуелот може да биде прекинат доколку навивачите продолжат со таквото однесување.
Реванш натпреварот е на програмата на 3 август на стадионот „Георги Аспарухов“ во Софија со почеток во 19 часот.