ШК Алкалоид со максимален резултат во второто коло на Европскиот шаховски клупски куп


Македонскиот шаховски шампион Алкалоид забележа убедлива победа со 6:0 против шампионот на Словачка, Церо Инвест Нитра во 2. коло на Европскиот клупски куп.

Победите за Алкалоид ги остварија Еригаиси Ајрун (прва табла), Веи Ји (втора табла), Ју Јангји (трета табла), Читамбарам (четврта табла), Нараунан (петта табла) и Александар Инѓиќ (шеста табла).

Во второто коло сите фаворити продолжија со високи победи, и во третото коло 18 екипи влегуваат со максимални 4 бода.

Следен противник на шахистите на Алкалоид е екипата “Beer Sheva Chess Club” од Израел, која e долгогодишен редовен учесник на Европскиот клупски куп, и двете екипи веќе имале меѓусебни средби, со позитивен резултат на страната на Алкалоид.