Шефот на военото разузнавање на Германија поднесе оставка поради подемот на десниот екстремизам
Кристијан Грам, претседателот на Германската воена разузнавачка служба (МАД), беше принуден да даде оставка. За многумина, потресот не претставува изненадување со оглед на неодамнешните критики за тоа како агенцијата ги водела истрагите за десниот екстремизам во германските специјални сили (КСК). Мандатот на Грaм како претседател на МАД ќе заврши следниот месец.
Во пролетта оваа година се појавија извештаи за екстремно десничарски припадници во германските специјални сили, вклучително и еден член, кој имал закопано 6.000 куршуми и 2 килограми високо експлозивен материјал на неговиот имот. Потоа, на почетокот на јули, министерот за одбрана Анегрет Крамп-Каренбауер (ЦДУ) ja распушти единица на КСК и предупреди на понатамошни последици по редот ако не се воведат реформи.
Оттогаш, МАД е еден од органите задолжени за надгледување на истрагите, но со месеци Бундестагот има сопствената истрага за МАД. Инспекторите на Бундестагот тврдат дека агенцијата не соработува со Канцеларијата за заштита на уставот и дека нема редовно испрашување.
Десниот екстремизам во германските полициски сили може да биде поголем проблем отколку што првично се сметаше. Актуелен извештај тврди дека од 2017 година, 104 припадници на полициските сили на Северна Рајна-Вестфалија биле под истрага под сомнение дека имаат десни екстремистички ставови.
Ова доаѓа по минатонеделното откривање на полициски групи за разговор, каде полицајците споделуваа неонацистички и расистички пораки. (Еурактив)