Сестрата што крадеше цитостатици викната на распит во Обвинителството


Фото: Б. Грданоски

Јавното Обвинителство упатило покана за распит до 29-годишната медицинска сестра за која има кривични пријави дека во два наврати, во 2020 година и во 2023 година крадела цитостатици од Клиниката за радиотерапија и онкологија, пишува „Слободен печат“.
Од поднесувањето на кривичната пријава досега поминаа шест месеци.

„Во двата предмети против споменатата медицинска сестра постапката е во тек. Меѓу другите преземени дејствија упатена е покана до пријавената да се јави на распит во Јавното обвинителство. Надлежните јавни обвинители немаат информации дека пријавената е недостапна на органите на прогонот“, изјавиле од Обвинителството.

Според информации на „Слободен печат“ сестрата не оди на работа затоа што е суспендирана, а според непотврдени информации веќе заминала да работи во Германија.

Првпат за кражба сестрата е пријавена во 2020 година. Била суспендирана, ама за шест месеци пак ја вратиле на работа, на истата позиција, па пак добила можност да ги краде цитостатиците.Пред шест месеци била повторно фатена со 20 ампули од различни медикаменти за хемотерапии во својот автомобил. Наместо за кражба, МВР ѝ поднесе кривична пријава за три кривични дела по член 240 „послужување“.
Според МВР, пријавената во неколку наврати се послужувала неовластено со скапи лекови цитостатици и скапи витамини кои се користат за лица заболени од карцином.

Загрижувачки за оваа клиника е и официјалниот извештај на Државниот завод за ревизија според кој клиниката функционира со 20 милиони евра загуба.Инаку ревизорот констатираше дека на Клиниката за онкологија, вработените работат на места што не постојат, платите им се одредени по произволни коефициенти, нема правила и критериуми за приклучување на пациенти на биолошка терапија, пописот не е целосно спроведен, нема планирање контрола и реализација на условниот надоместок за набавка на биолошката терапија.Клиниката ја тужат различни странки во судски постапки главно за неплатени пари за лекови и медицински материјали.Таа немала воопшто пишана процедура за тоа како се прима, издава, троши и евидентира залихата на лекови и медицински потрошен материјал во рамките на аптеката и секоја организациска единица одделно.ста на финансиските извештаи за 2021 година.