Серискиот убиец од Старо Нагоричане е со ограничен фонд зборови, но не е психијатриски случај: Бојковски призна три од четирите убиства


Во Основниот суд Куманово, денеска продолжи судењето против Трајче Бојковски, од општина Старо Нагричане, обвинет за четири убиства на жени на подрачје на Старо Нагоричане и два обидa за убиство.Од денешната главна расправа во предметот против Трајче Бојковски, на предлог на обвинителот Љубомир Лапе, обвинителството и одбраната го испитуваа вештото лице, специјалист психијатар и форензички психијатар, проф. д-р Стојан Бајрактаров во однос на здравствената состојба на обвинетиот, способноста да ја следи постапката и ризикот од повторување на кривичните дела.

Бранителот на обвинетиот, кој му е доделен по слжбена должност, Тони Петковски побара, а судот оди да му биде доделен логопед, преведувач или друго стручно лице за да може да биде сослушан поради неговите тешкотии во говорот.

Во исказот и самиот вештак кажа дека не му е потребен ниту логопед, ниту какво било друго стручно лице. Тој кажа дека кратките одговори на обвинетиот се должат на неговто образование и ограничениот фонд на зборови, а не на неможност да го разбере македонскиот јазик. Вештакот посочи дека во текот на психолошкото и психијатриското испитување не било потребно присуство на друго лице, бидејќи обвинетиот го разбира македонскиот јазик и може да воспостави комуникација. Во однос на прашањето дали кај Бојковски е утврдена душевна болест или состојба која би барала негово упатување во психијатриска установа, вештакот рече дека таква болест или состојба не е утврдена и оти нема основа за психијатриски третман. Според него, обвинетиот треба да биде упатен во казнена институција.

Во текот на испитувањето беше отворено и прашањето за податоците дека мајката на обвинетиот, Жаклина Бојковска, била поставена за негов старател. Бајрактаров рече дека во вештачењето биле земени предвид службени податоци и известувања, и дека поставување старател не било релевантно за вештачењето. Тој кажа дека кај обвинетиот нема основа за поставување старател. Одбраната праша и дали ограничените интелектуални капацитети на обвинетиот влијаат врз неговата способност да го сфати значењето на делото и да управува со своите постапки. Вештакот одговори дека кај Бојковски не е утврдена душевна болест, а неговите интелектуални способности се на границата меѓу лесна ментална ретардација и нормални капацитети.

Во однос на комуникацијата, вештакот објасни дека Бојковски во почетокот на испитувањето одговарал главно со „да“ и „не“, но потоа давал и подетални одговори, користејќи го својот ограничен фонд на зборови. Како пример го посочи настанот на кој обвинетиот опишаа настан, присуство бел автомобил, знаел дека жената имала син кој возел таков автомобил и побегнал. Тоа, како што кажа вештото лице, покажува дека обвинетиот знае да воочи опасност, да планира спасување и да воспостави комуникација за опишување на одредени настани. Психијатарот оцени дека при извршувањето на делата за кои Бојковски е обвинет не биле утврдени елементи поврзани со неговата здравствена состојба кои би влијаеле врз неговата пресметливост. Според вештиот наод, обвинетиот бил пресметлив.

Во однос на наодот дека кај обвинетиот се утврдени психопатски карактеристики, нарушување на сексуалниот нагон со сексуална патологија и некрофилија, како и стереотипен образец на сериско насилно однесување, вештакот говореше и за ризикот од повторување на делата. Тој кажа дека општеството има казнени институции и во затворите има инструменти за психосоцијална едукација, која е дел од извршувањето на санцкијата.

На денешното рочиште во предметот против Трајче Бојковски, обвинетиот на прашање на судијата Мирсад Суроји рече дека може да одговара за обвиненијата за четири убиства и две убиства во обид, при што оштетените преживеале, Бојковски со климање на главата потврдил дека може да одговара, но цел време инсистираше дека убил три жени. Тој дури се заколна и во Алах дека ќе ја укажва вистината. Потоа на прашање на Лапе кажа дека е православен. Во однос на првата точка од обвинението, која се однесува на убиството на Станче Каревска во село Клечовце во јануари 2025 година, прво одговри потврдно, апотоа негираше дека ја ја лишил од живот и тврдел дека воопшто не бил во Клечовце и дека не знае за настанот.

За Јанка Антевска од Драгоманце, на прашањето дали е точно дека бил кај неа во периодот од 5 до 7 јуни 2025 година, одговорил потврдно и рече дека се кае. Бојковски потврдил и дека на 22 јули 2025 година бил кај Слободка Арсовска во Челопек, но рекол дека отишол поради пари. Според неговото објаснување, откако слушнал дека кучето лае, се исплашил и избегал, без да земе пари од Арсовска. Во однос на Марија Маринковска од Старо Нагоричане, за која обвинението го товари дека ја убил во периодот меѓу 17 и 18 јануари 2026 година, Бојковски одговорил потврдно и рече дека се кае.

За Мира Станковска од Челопек, обвинетиот најпрво негираше дека ја убил, но по дополнителни прашања, поврзани и со биолошките траги пронајдени под ноктите, за кои било посочено дека се идентични со неговите, тој одговорил потврдно и речедека се кае.

Бојковски потврдил и дека на 9 февруари 2026 година бил кај Росанда Трајковска во Челопек. Кажал дека отишол поради пари, дека ги зел парите и се обидел да ја задави, при што со рацете го покажал движењето околу вратот. И за овој настан рече дека се кае. Во продолжение, обвинителот го соочил Бојковски со неговиот исказ даден на 8 мај 2026 година во обвинителството, во присуство на тогашниот неговадвокат Драган Трајковиќ. На судењето тој го препозна својто потпис. Според обвинителот, Љубомир Лапе, обвинетиот тогаш детално зборувал за жените опфатени со обвинението и потврдил дека четири жени ги убил заради односи (секс, како што кажа на рочиштето). Денеска, пак, на прашањето колку жени убил заради секс, одговори три.

Обвинителот го прашувал и конкретно за Станче Каревска, при што потсетил дека во претходниот исказ Бојковски признал дека ја убил. Тогаш, според обвинителот, кажал дека со Каревска имал сексуален однос откако таа веќе била мртва и објаснил дека ја задавил со рацете околу вратот. Исто така, кажал дека ја познавал од порано, дека знаел оти живее сама и дека влегол во нејзината куќа додека спиела. Бојковски тогаш, според обвинителот, кажал дека вратата била отклучена, дека имал сексуален однос двапати и дека не украл ништо од куќата. Денеска, пак, го негираше убиството на Каревска. На прашањето како тогаш знаел дека била задавена, не дал објаснување.

 

Обвинителот го соочил обвинетиот и со неговите претходни искази во однос на Јанка Антевска, тогаш кажал дека претходно кажал дека ја познавал, дека знаел каде живее и дека двапати бил кај неа. Денеска, пак, негираше дека ја познавал, дека знаел каде живее или дека бил кај неа. Во претходниот исказ, според обвинителот, Бојковски опишал и дека се движел околу куќата, дека отишол по вторпат да бара храна и дека Антевска спиела. Наводно кажал и дека ја притискал со рацете по лицето и дека користел перница. На денешното сослушување ги негираше наводите.

Обвинителот го праша и за причините поради кои денеска дава поинаков исказ во однос на дел од настаните, посочувајќи дека во обвинението е содржано она што Бојковски го кажал во обвинителството и дека нема логика да признае нешто што не го сторил доколку за тоа немало докази.

Во текот на сослушувањето, Бојковски потврдил дека ги убил Марија Маринковска и Мира Станковска, додека во однос на Јанка Антевска и Станче Каревска, даваше одговори во текот на испитувањето. За дел од прашањата повторно негирал дека ја нападнал, дека бил во нејзината куќа или дека знаел каде живее.

Обвинителот го праша Бојковски и за Моника Стефковска, која не е опфатена во обвинението. Тој негирал дека ја познавал, дека ја нападнал или дека бил во куќата во село Орах. Обвинителот посочи дека во обвинението нема обвинение за овој настан и дека токму затоа во претходниот исказ биле наведени само фактите и околностите кои се однесуваат на делата за кои се товари.

Во завршниот дел од испитувањето, обвинителот повторно посочи на разликите меѓу исказите на Бојковски дадени во обвинителството и неговиот денешен исказ.

Обвинителот Лапе во изјава за медиумите, кажа дека обвинетиот и самиот не знаел кое убиство го негира.

-На моите вкрстени прашања одговори потврдно, но анализа на ваквата одбрана ќе дадам во завршните зборови, со оглед дека кај јавниот обвинител ги призна кривичните дела. Има и други материјални докази со кои се поткрепува обвинението-рече Лапе.

Тој кажа дека начинот на одбрана е негово право. Во однос на мотивот, за кој Бојковски кажа дека се пари, Лапе кажа дека тој смета дека со ваков начин ќе си олесни во состоојбата.

-Како што слушнавте од вештото лице-психијатар, во својот вешт наод и мислење, сметаат дека овинетиот делува во насока да си ја олесни положбата рече Лапе.

По сослушувањето на обвинетиот, обвинителот Мирсад Сурои констатираше дека Бојковски дал поинаков исказ за факти и околности од значење за предметот. На наредното рочиште ќе следат завршни зборови, судот донесе решение доказната постапка да се заклучи, а завршните зборови да се дадат на следното рочиште закажано за 6 октомври, годинава