Серена Вилијамс се пожали дека не ја пуштиле во луксузен ресторан во Париз со децата

Серена Вилијамс јавно ја изрази својата разочараност откако не ѝ било дозволено да јаде во еден ексклузивен ресторан во Париз, иако имало слободни места. Таа била со своите две деца, кога сакала да влезе во барот на покривот на хотелот „Пенинсула“.
„И порано ми се случувало да не ме пуштат во ресторан, но никогаш кога сум била со децата. Секогаш мора да има првпат“, се пожали Вилијамс на Икс.
Од хотелот со пет ѕвезди ѝ се извинија на Вилијамс и ѝ објаснија дека во барот всушност немало слободни места.

„Кога таа дојде, имаше само две маси на располагање и тие беа резервирани од клиентите на хотелот. Мојот колега не ја препозна и се чувствува ужасно, но ѝ кажа што би му рекол на секој друг клиент, а тоа е да почека долу во барот додека не се ослободи маса. Тоа не беше апсолутно ништо лично“, изјави изворот од ресторанот.