Сензација во Париз, испадна Алкараз од 45. играч на светот
Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз е елиминиран веќе во второто коло на Мастерсот во Париз. Подобар од него беше Роман Сафјулин, кој победи со 6:3, 6:4.
Шпанецот се врати во натпреварувањето во Париз, откако минатата недела го пропушти турнирот во Базел поради повреда. Алкараз на последниот мастерс во сезоната бранеше 180 поени, но успеа да одбрани само десет.
Раниот пораз му ги намали шансите до крајот на годината да го надмине Новак Ѓоковиќ на врвот на АТП листата, кој без разлика на настапот во Париз, на 6 ноември ќе остане на врвот на ВТА. И таа позиција ќе ја задржи до крајот на Финалниот Мастерс – што се гарантирани 399 недели.
Прашањето кој ќе ја заврши годината како рекет број еден во светот ќе се решава во Торино…
Сафјулин, кој преку квалификациите стигна до главниот ждреб на Париз, ја оствари најголемата победа во кариерата, додека Алкараз првпат годинава загуби во својот прв натпревар на турнир.
Тенисерите на почетокот ги тестираа силите, па и двајцата рано направија брејк. Сепак, ритамот го диктираше Русинот, тој беше подобар во клучните моменти и уште еднаш му го одзеде сервис гемот на ривалот за освојување на првиот сет.
Алкараз одигра агресивно на почетокот од вториот сет. Беше свесен дека мора да оди на се или ништо, па со брејк поведе со 3:1. Сепак, 45. светски рекет го подигна нивото на својата игра во продолжението и ја презеде целосната контрола и направи голем пресврт за сензационална победа.
Сафјулин во осминафиналето ќе игра против сонародникот Карен Хачанов.