Семафорите во центарот на Скопје утре нема да работат, ќе има ли метеж?


Фото: Б. Грданоски

Утре во центарот на Скопје, од 8 часот наутро до 15.30 попладне, нема да работат семафорите во централното градско подрачје, кај факултетите, „Веро – Џамбо“ и околу паркингот кај „Холидеј ин“, соопштија од ЕВН. 

Ќе има вонредно исклучување на семафорите во центарот на Скопје,  поточно кај „Веро џамбо“, Кеј „13 Ноември“, Правен Факултет и улицата „Мирче Ацев“, делот кај паркингот „Холидеј ин“и околината. Причината е што овој дел од градот во тој период ќе остане без електрична енергија.

Од ЈП „Улици и патишта“ по најавите на ЕВН дека дел од семафорите во централното градско подрачје нема да работат во текот на утрешниот ден од 8 часот наутро до 15:30, ги повикаа надлежните за регулирање на сообраќајот,  односно МВР  да не дозволат да се направи голем метеж низ градот во овој период од денот, туку да го регулираат сообраќајот со сообраќајци.

Сепак, доколку можете, ѕтре избегнувајте го центарот со своето возило, за да не заглавите во градскиот метеж.