Селин Дион и Лејди Гага ќе пејат на свеченото отварање на Олимпијадата во Париз?
Селин Дион се враќа на сцената на голема врата – а се шпекулира дека тоа ќе биде за време на свечената церемонија на отворање на Олимписките игри во Париз во петок. Тоа ќе го одбележи првиот настап на поп легендата откако го прекина распоредот на турнеи и се оддалечи од центарот на вниманието откако во декември 2022 година откако и беше дијагностициран синдром на вкочанета личност.
Дион пристигна во Париз во понеделникот во хотелот Ројал Монсо во близина на Елисејските полиња, каде што престојува и Лејди Гага, уште една потенцијална ѕвезда на свеченото отворање. Конкретни детали за настапот на Дион се чуваат во тајност.
Претставниците на Дион не одговорија веднаш на барањето на Variety за коментар.
Канадската пејачка своето вражање на музикта го најави во априлското интервју за Vogue France, во кое рече: „Избрав да работам со целото мое тело и душа, од глава до пети, со медицински тим. Сакам да бидам најдобра што можам. Целта ми е повторно да ја видам Ајфеловата кула!“
Таа исто така рече дека работи секој ден за да стане посилна. „Четири години си велам дека не се враќам назад, дека сум подготвена, дека не сум подготвена… Како што стојат работите, не можам да стојам овде и да ви кажам: „Да. за четири месеци“, рече таа. „Не знам… Моето тело ќе ми каже“, изјави Дион за Vogue France.
Излегува дека таа навистина можеби ќе настапи пред познатата париска знаменитост, бидејќи церемонијата на отворање ќе се одржи во облик на наутичка парада покрај Сена, која ќе кулминира во близина на Трокадеро, свртена кон Ајфеловата кула. Церемонијата, која ќе се одржи надвор од стадион за прв пат во историјата, ќе ги прикаже легендарните локации на Париз и ќе собере 3.500 актери, танчери и музички изведувачи.
На Дион не ѝ е непозната Олимпијадата. Таа ги започна Олимписките игри во Атланта во 1996 година, пеејќи ја „Моќта на сонот“. Церемонијата ја следеа рекордни 3,5 милијарди луѓе ширум светот.
Познатиот изведувач неодамна го позајми гласот за видеото за канадските олимпијци наречено „L’invincible courage“, заедно со Мајкл Џеј Фокс. (Варајати)