Села: Јас не сум националист, ги барам своите права


Претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, вчера во емисијата „200“ на Алсат, изјави дека не е националист, како што го обвинуваат македонските и албанските партии. Тој рече дека не може да биде националист барајќи свои права, бидејќи тие се уставни права и дека не постои место за национализам.

„Не можеш да кажеш дека Зијадин Села е националист, или некој друг, или Албанците во целина, кои се борат со 4 проценти од буџетот, со проекти и капитални инвестиции, а на друга страна го полнат буџетот со повеќе од 50 проценти. Тогаш кои националисти сме ние? Ако јас сум националист, тогаш ќе барам Струга, Тетово, Гостивар, Куманово, Скопје, во адресите што ги имаат улиците, да се одразуваат на етничкиот идентитет што го имаат овие градови. Јас не сум националист, но другите се обидуваат да ме етикетираат дека сум националист“, рече Села.