Села го повика Ахмети да го поддржи Река додека сѐ уште има време

Зијадин Села, во синоќешното гостување во „Клик Плус“ на ТВ21 изјави дека ќе застане зад кандидатурата на Блерим Река и во првиот, но и во вториот изборен круг. Тој го повика Али Ахмети – додека сѐ уште има време да го поддржи Блерим Река за Претседател, како што го прават Алијанса за Албанците и Беса. Села очекува дури и членовите на ДУИ да гласаат за Река.

-Нема ние да ѝ покажеме на ДУИ колку сме силни, туку Албанците ќе ѝ испратат порака на ДУИ колку се разочарани од нив. Ова ќе се случи доколку и нивните членови не дадат поддршка за Албанците, бидејќи моите очекувања се многу членови на ДУИ да гласаат за професорот Река.-рече Села.