Претседателот на ФФМ остана без дипломатски пасош: МНР ја поништи одлуката на Османи


Претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини, од вчера не поседува дипломатски пасош – ова е одлуката на Министерството за надворешни работи (МНР), кои решија да ја повлечат одлуката на Бујар Османи кој во минатото му подари на првиот човек на Фудбалската федерација (ФФМ), специјален третман и пасош кој се добива по заслуга, објавија повеќе медиуми.

МНР ја остави на сила одлуката за пасош со дипломатски почести да ги имаат фудбалерите кои ги имаат ваквите патни исправи, а кои ги добија по победата над Италија во баражот за СП.

Ваквиот потег на МНР се претпоставува дека доаѓа по низата скандали кои ја „тресат“ Фудбалската федерација. Исто така, следува по серијата на откажувања за спонзорство на сериозни партнери кои со години беа спонзори во ФФМ.