(Галерија) Седумнаесетгодишниот Ѓорѓи Николовски го фати осветениот крст во Скопје

Богојавление-Водици се одбележа и со божествена литургија во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“


Ѓорѓи Николовски го фати светиот крст од водите на Вардар (Фото: Б. Грданоски)

 Седумнаесетгодишниот Ѓорѓи Николовски го фати осветениот крст во водите на реката Вардар во Скопје. 

– Посакувам здравје, среќа, спокојство на сите. Со Господ напред, сè најдобро на сите, Господ е голем. Сите да имаат единство и да се обедини Македонија и македонскиот народ, изјави Николовски.

Годинава, пријавени беа 157 граѓани кои скокнаа во водите на Вардар за да го фатат осветениот крст што во водите на Вардар го положи поглаварот на Македонската Православна Црква-Охридска Архиепископија г.г. Стефан.

Одбележувањето на празникот Богојавление-Водици почна во 9 часот со архиерејска божествена литургија во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ со која чиноначалствуваше архиепископот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) г.г. Стефан.

По завршување на литургијата, поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан заедно со свештенството во поворка се упати кон мостот „Слобода“. 

 

Фото: Б. Грданоски