Седумдесет и тригодишна скопјанка приведена за напад на нејзиниот 74-годишен сопруг
Седумдесет и тригодишна скопјанка вчера била приведена за напад на нејзиниот 74-годишен сопруг, 22- годишна скопјанка пријавила дека била нападната од поранешниот партнер, а пријавен е физички напад и на малолетник, покажува евиденцијата од Билтенот на Министерството за внатрешни работи.
-На подрачјето на Гази Баба, вчера во 13.30 часот полициски службеници од Полициската станица Гази Баба ја лишиле од слобода Н.С.(73) од Скопје, затоа што во домот со тврд предмет го нападнала нејзиниот 74 – годишен сопруг. Таа е спроведена до здравствена установа за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, стои во дополнувањето на дневниот Билтен на МВР.
Во СВР Скопје, пак, вчера во девет часот, 22 – годишна жена пријавила дека завчера околу 22.00 часот на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен партнер А.Ј. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Во МВР Билтенот се наведува и дека во СВР Скопје вчера во 18.20 часот, Л.А.(34) од с.Света Петка, скопско, пријавил дека околу 15.30 часот во селото неговиот малолетен син бил физички нападнат од М.Ј.(27). По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок