Се запали двокатен автобус на ЈСП на „Трета македонска бригада“


Илустрација: Фото: Б. Грданоски

На булевар „Трета македонска бригада“, кај „Раде Кончар“ пријавено е дека во 18.50 часот настанал пожар во автобус на Јавно сообраќајно претпријатие – Скопје, информира Министерството за внатрешни работи.

Од страна на УПС од Полициската станица Аеродром, констатирано е дека на местото на настанот автобусот е опожарен во задниот дел кај моторот.

Во автобусот со број 7, патувале 40-тина патници, но нема повредени поради навремената и брза интервенција на возачот.