Се уште не е договорена средба Заев – Ахмети


Засега сѐ уште не е утврден термин за средба на премиерот Зоран Заев со лидерот на ДУИ и коалициски партнер Али Ахмети во врска со најавената владина реконструкција, рече портпаролот на Владата Миле Бошњаковски на денешната прес-конференција.

-Во овој момент немаме прецизна информација за датум и време за средбата. Во однос, пак, на владината реконструкција тоа е одлука на ниво на коалициски партнери, рече Бошњаковски, а за повеќе информации упати на политиките партии.