Се уредува зеленилото околу ТЦ „Зебра“ и ТЦ „Беверли Хилс“


Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска беше на увид во населбата Капиштец каде веќе неколку дена интензивно се работи на хортикултурно и партерно уредување на потегот од „Беверли Хилс“ до трговскиот центар „Зебра“.

Станува збор за озеленување на простор со површина од 7.840 м², како и реконструкција и нивелирање на пешачките патеки.

Во план е поставување нова урбана опрема, како што се канти за отпадоци, клупи, држачи за велосипеди, нови детски реквизити, систем за наводнување и модерно ЛЕД осветлување, кое ќе ја подобри видливоста и безбедноста во вечерните часови.

Овој проект е финансиски поддржан од претходната Влада со сума од 24.780.000 денари, а се реализира на барање на жителите на Општина Центар, кои овој предлог го доставија на ланскиот буџетски форум.