Се сврши Иван, синот на експретседателот Ѓорге Иванов: Ме освои со шармот и насмевката (видео)


Се сврши Иван Иванов, синот на поранешниот македонски претседател Ѓорге Иванов. Иван сега е ослабнат и со скратена коса, тешко се препознава.

Убавата вест самиот ја сподели во естрадниот магазин „Бекстејџ“ каде и првпат отворено проговори за својата избраничка чиј идентитет не е познат.

„Во ова невино време, мене во животот ми влезе личност која ми го облагороди моето време, што некако си се надополнивме.. Уште на почетоците на нашата врска знаевме дека тоа ќе биде тоа, а како сум се чувствувал ќе прочитате во наредната збирка која ќе биде инспирирана од тоа“, изјави Иванов алудирајќи на неговата поетската книга „Невино време” која ја промовираше пред неполн месец.

Иван сподели уште неколку интересни детали за саканата.

„Ме освои со шармот, со насмевката, со нивото на промислување на работите околу себе, со интензивната интелигенција, со убавината нормално, но пред се’ ме освои со тоа што беше онаа вистинската.. Со таа нејзина природа ме освои“, откри тој.