Се судриле две возила во Бутел, па удриле во паркиран камион
Во две сообраќајни незгоди во Скопје и во Прилеп повредени се шест лица, меѓу кои и малолетник.
Во неделата, во 12.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат од село Љуботен кон населба Бутел се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Е.(25) од Скопје, патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А.(25) од Скопје и товарно моторно возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, паркирано од Х.М.(26) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила А.А., а со телесни повреди се здобиле Б.Е. и двајца сопатници од возилото „мерцедес“, Н.А.(61) и едно малолетно лице, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ и Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.
истиот ден, во 21.10 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Прилеп-Демир Хисар, кај Кадино Село на мостот од Прилепска река, патничко моторно возило „фолксваген пасат“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од С.М.(50) од Прилеп, излетало од патот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатничката Н.М.(43), констатирани во Градската болница Прилеп. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.