Се снима филм за подемот на Трамп како њујоршки тајкун за недвижности


Ѕвездата на „Марвел“, Себастијан Стен, ќе го глуми Доналд Трамп во нов биографски филм, а во актерската екипа ќе бидат и Џереми Стронг, кој се прослави во серијата „Следоред“ и Бугарката Марија Бакалова, номинирана за Оскар за „Борат 2“.

Режиран од иранскиот филмаџија Али Абаси, „The Apprentice“ ќе ги истражува моќта и амбицијата во светот на корупција и измама. Продукцијата ќе почне оваа недела.
 

Дејството ќе биде сместено во 1970-тите и 1980-тите и ќе ги следи подемот на Трамп во њујоршки тајкун за недвижности и неговиот однос со Рој Кон, озлогласениот адвокат кој му станал ментор. Стен ќе го глуми младиот Трамп, Стронг ќе биде Кон, додека Бакалова ќе ја игра првата сопруга на Трамп, Ивана. Сценариото го напиша новинарот и автор Габриел Шерман.

Последниот филм на Абаси, „Holy Spider“, е годинашниот дански кандидат за Оскар за најдобар странски филм, а тој режираше и две епизоди на хит-серијата „The Last of Us“.