Се санираат дупките на неколку булевари во Скопје


Во текот на викендот теренските служби на Град Скопје и ЈП Улици и патишта  пристапија кон санација на крупните оштетувања на коловозите на неколку локации, односно Јужен булевар, булевар „Осми септември“ и булевар „Борис Трајковски“ (нас. Пинтија кон нас. Драчево).

Санирање на улиците и булеварите во Град Скопје е еден од приоритетите на ЈП Улици и Патишта, кои во континуитет ги следат потребите за итна санација на одредени булевари низ градот, но и отпочнуваат со нови решенија за подобрување на патната инфраструктура во градот Скопје.