Се санира плочникот кај споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк


Екипите на ЈП „Улици и патишта“ по налог на Град Скопје во текот на изминативе неколку дена вршат санација на плочникот кај споменикот „Гоце Делчев“ и на платото пред фонтаната во Градскиот парк.

Санирањето опфаќа замена на оштетените плочи околу постаментот на споменикот, санација на скалите, а во тек е и замена на оштетените плочи околу фонтаната „Лотосов Цвет”, како и целосно средување на оштетените делови од плочникот.

Активностите за санација на плочникот во овој дел од Градскиот парк продолжуваат и во наредниве денови.