Се реконструира училиштето „Димитар Поп Георгиев Беровски“ во Ѓорче Петров


Учениците во ООУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“ во Ѓорче Петров ќе добијат целосно нов изглед на ова училиште.

– Изработена е целосна реконструкција на под на приземје на едно крило и влезна партија кое опфаќа: Демонтажа на постоечка армирано бетонска постоечка плоча и демонтажа на постоечки под од терацо, изведба на нова армирано бетонска плоча, хидро изолација и монтажа на високо квалитетни гранитни плочки со вкупна квадратура од 360 м2 – информираше градоначалникот Стојкоски. 

Изминатиов период се работеше на реконструкција на постоечките санитарни јазли со вкупно 12 кабини. Во санитарните јазли се опфатени демонтажа на постоечки чучавци и умивалници. Во истите се поставува нова водоводна мрежа, нови санитарни школки, умивалници, подни и ѕидни плочки.

Со овој гадежен опфат се изведува и еден тоалет за лица со посебни потреби, целосно опремен и адаптиран за намената.

Завршена е обиколката од трите страни со обработка на енергетски ефикасна фасада со површина од 2.000 м2, а во завршна фаза е предната страна на фасадата од училиштето.