Се реконструира на улицата ,,Вера Јоциќ” во Кисела Вода
Општина Кисела Вода вчера започна со реконструкцијата на улицата ,,Вера Јоциќ”.
По завршувањето на зафатот кој опфаќа 5.300m2 ќе се обезбеди безбеден и комфорен сообраќај долж целата улица, вклучувајќи ги и двата нејзини краци.
Со силно темпо и во наредниот период продолжуваме да интервенираме на сите оштетени улици во општината кои децении наназад биле заборавени. Продолжуваме да ја градиме Кисела Вода – модерна и инфраструктурно развиена, токму како што заслужуваат моите сограѓани“, напиша градоначалникот Орце Ѓорѓиевски на Фејсбук.