Се разгледува можноста за враќање на средното полициско образование


Илустрација (Фото: Б. Богдановска)

Министерството за внатрешни работи денеска, на владина седница, предложило Информација во врска со реформи на образованието на кандидатите за полицаец, односно на обуката.

Како што информира владината прес-служба, се разгледува можноста за враќање на средното полициско образование кое има соодветни предности во однос на досегашните деветмесечни курсеви за ангажирање нови полицајци.