Се расчистуваат паднати дрвја на повеќе локации во Скопје


По обилните снежни врнежи екипите од секторот „Дрвореди“ во текот на целата ноќ работеа на расчистување на паднати дрвја и гранки на повеќе локации низ градот. Предност во расчистувањето имаат дрвјата паднати врз коловози заради обезбедување на непречено одвивање на сообраќајот.

Екипите досега интервенираа на ул. „Цицо Поповиќ“ бр 5 , ул. „Мирослав Крлежа“, бул. „Теодосие Гологанов“, ул. „Загребска“ бр 28 кај црквата „Св.Јован“, ул.„Лазар Личеновски“ и ул. „Димитрија Чуповски“.

Поради постојаните дојави за паднати дрвја и гранки кои ги добиваат службите од граѓани екипите од Градот Скопје со ЈП „Паркови и зеленило“ продолжуваат со расчистување на теренот и во текот на денешниот ден.

Пријави за паднати дрвја има на бул. „Јане Сандански“, бул. „АСНОМ“, ул. „Димче Митрев“, ул. „Петре Филиповски“, ул. „Лазар Поп Трајков“, ул. „Васил Ѓоргов“, ул. „Методија Митевски“, ул. „Коста Новаковиќ“, ул. „Јордан Мијалков“, ул. „Драгиша Мишовиќ“, ул. „Анастас Митров“, ул. „12 Македонска бригада“ и по истите екипите постапуваат.

Градот Скопје апелира до граѓаните поради обемноста на снегот да внимаваат во паркирање на своите возила под дрвја, за да избегнат потенцијални штети кои би можеле да настанат.