Се продава опасна дрога со ликот на Трамп


Британската полиција ја предупреди јавноста да ги избегнува таблетите екстази со ликот на американскиот претседател Доналд Трамп, бидејќи се многу опасни.

Како што се наведува, еден маж е уапсен под сомнение дека го снабдувал пазарот со портокалови таблети.

„Криминалците постојано наоѓаат нови начини за продажба на дрога и ги прават попримамливи. Видовме пред тоа таблети МДМА произведени во форма на разни предмети од популарната култура, а неодамнешен пример се оние во форма на Доналд Трамп, рече детективот Рајан Брнс.