Се преврте комбе кај клучката „Смилковци“, загина возач од Дебар
Утрово, во 5.10 часот, било пријавено дека на Скопската обиколница, кај клучка „Смилковци“, комбе со охридски регистарски ознаки, управувано од А.Ш.(52) од Дебар, излетало од патот.
На местото на незгодата починал возачот. Смрт констатирал лекар, а увид на местото на незгодата извршила увидна екипа од СВР Скопје.