Се прави вториот зелен покрив во Скопје


Активностите за изградба на вториот зелен покрив во Скопје се интензивирани независно од претстојните празници и  скопјани ќе го добијат во април идната година. Градоначалникот Петре Шилегов соопшти дека целта на проектот е заштита на животната средина, создавање на подобро место на живеење и подобар квалитет на живот.

Според проектот, на површина од речиси 400 квадратни метри ќе бидат засадени повеќе од 30 различни видови дрвја, средно и ниско зеленил, а ќе има тревна површина и вертикално зеленило поставено на ѕидовите. Предвидено е  да се постават и клупи и друга урбана опрема, а ќе се врати и култното кино.

Инаку запуштениот и руиниран покрив на Домот на градежници во Стратегијата за климатски промени на проектот „Отпорно Скопје“ беше препознаен како едно од неколкуте места наречени „урбани топлотни острови“ кои влијаат на зголемување на просечната температура во градот.

Проектот за изградбата на Зелен покрив на Домот на градежници е финансиран од буџетот на Град Скопје (во вредност од околу 18,5 милиони денари), а имплементиран е во соработка и со поддршка од УНДП.