Се поставува сигнализација пред основното училиште „Гоце Делчев“ во Горно Лисиче


На барање на граѓаните од Горно Лисиче, Општина Аеродром започна активности со кои трајно се решава едно важно сообраќајно прашање и се подигнува безбедноста во сообраќајот на граѓаните во овој дел од општината.

– Пред основното училиште „Гоце Делчев“ од денеска активно се работи на поставување хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација, легнати полицајци, а се воспоставува и тн. зона на мирен сообраќај каде брзината на движење се ограничува на 30 км/час. Дополнително, пред основното училиштето се поставува и заштитна ограда со што дополнително се решава проблемот за безбедноста на дечињата, информираа од локалната самоуправа. 

– Безбедноста на граѓаните е наш императив, а токму затоа инвестициите во сообраќајни и инфраструктурни решенија се одговор за сериозни локални предизвици со кои подолг временски период се соочуваат жителите од овој дел на Аеродром, порачаа надлежните.