Се откажуваат настаните за Денот на независноста поради трагедијата во Тетово


Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски соопшти дека поради трагедијата во модуларната болница во Тетово се откажуваат најавените настани по повод 8 Септември, Денот на независноста. 

Пендаровски денеска остварил телефонски разговор со словенечкиот претседател  Борут Пахор, во кој тој во свое лично име и во име на граѓаните на Словенија изрази најдлабоко сочувство до семејствата и блиските на загинатите во синоќешниот пожар во модуларната болница во Тетово и посакал побрзо опоравување на повредените. Пахор истакнал дека Словенија е подготвена да понуди секаква помош доколку е потребна.

Помош по трагичниот настан во Тетово понуди и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изразувајќи сочувство за загубените животи.