Се огласи Путин, а се огласи и Зеленски

Рускиот претседател Владимир Путин утрово имаше кратко телевизиско обраќање, прва неговата јавна изјава од петокот.
Путин ја нарече руската инвазија на Украина како „специјална операција за давање помош на народните републики во Донбас“ и го поздрави „херојството“ на руските специјални сили кои се борат во Украина.
Новинската агенција Интерфакс јави дека Путин рекол:
„Посебна почит им оддавам на оние кои херојски ја извршуваат својата воена должност за време на специјалната операција за давање помош на народната република Донбас овие денови“.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски зборуваше утрово и рече дека синоќа била „брутална“.
Зеленски рече дека руските сили напаѓаат „цивилни области“, односно дека всушност напаѓаат – „сè и секого, вклучително и амбулантни возила“.
Тој исто така рече дека преговорите во Минск можеби ќе беа можни доколку Русија не ја нападне Украина од територијата на Белорусија.
„Украина е отворена за преговори на некои други локации и во земји каде што не покажаа агресија кон нас“, рече Зеленски.