Се јави Хамнеи: Не го коментира американскиот напад, туку се заканува на Израел


Додека светот ја чека најавената иранска одмазда за нападите на САД врз нуклеарните постројки и реакцијата на врховниот лидер чии советници го објавуваат одговорот, врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи изјави дека израелското бомбардирање започнато на 13 јуни било голема грешка и големо злосторство.

„Ционистичкиот непријател направи голема грешка, тој направи големо злосторство – мора да биде казнет и се казнува сега; поточно, се казнува токму сега“, напиша Хамнеи рано наутро на социјалните мрежи, покрај фотографија од ракети што паѓаат врз израелски град, а во позадина огромен череп со Давидова ѕвезда на челото.

Се чини, како што пишува Скај, дека тој се осврнувал на последниот ракетен напад врз Израел, во кој беше испукана една ракета, која беше пресретната од израелските одбранбени сили.