Се гради спортска сала во кавадаречко Марена

Се гради спортска сала во кавадаречкото село Марена, информираа попладнево од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.
Од Кабинетот информираа дека спортската сала е со корисна површина од 400 метри квадратни, во рамки на подрачното општинско училиште „Страшо Пинџур“.
– Продолжува изградбата на спортската сала во село Марена, со корисна површина од 400 квадратни метри, што ќе биде во склоп на подрачното општинско училиште ,,Страшо Пинџур’’. Инвестицијата е на Општина Кавадарци во висина од 22.000.000 денари, соопштија од кабинетот на Јанчев.
Изведувач на работите е фирмата „Градба промет”.