Се гради фекална канализација во Страчинци

Во населеното место Страчинци, Општина Гази баба, денеска започна изградбата на фекална канализацисла мрежа.
– Овој проект опфаќа три крака. Крак еден, крак два и крак три во прва фаза, во вкупна должина од 710 квадратни метри. Инвестицијата е 5.173.000 денари, средства од буџетот на општина Гази Баба, изјави градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски.
Со почетокот на реализација на низа проекти во Гази Баба, како што истакна, докажуваме дека Гази Баба ќе се менува и ќе се гради.
Тој најави дека во периодот што претстои и во 2022 година ќе се реализираат низа на проекти со цел да ја направат Општина Гази Баба инфраструктурно развиена и еколошки чиста општина.
– После повеќе од 50-тина години во ова населено место започнуваме со ваков капитален проект за фекална канализација и многу ми е мило што граѓаните на населено место Страчинци во наредниот период ќе имаат и ќе добијат фекален канализационен систем, Стефковски.