Се градат фекални канализации во Црешево и во Гоце Делчев


Денеска почна градба на првата фаза од фекалната канализација во  Црешево во вкупна должина од 2. 400метри, инвестиција вредна 20 милиони денари обезбедени од буџетот на општина Гази Баба.

Во населеното место Гоце Делчев во тек се градежните работи кои што се одвиваат на третата фаза од изградбата на фекалната канализација во вкупна должина од 1.000 метри, инвестиција вредна 8 милиони денари.

-Само со двата проекти кои што денес ги започнуваме опфаќаме канализациона мрежа во должина од околу 3.5 километри и вкупната инвестиција околу 30 милиони денари. Освен во овие два проекти, реализираме паралелно и приклучоци на фекална канализација во населеното место Јурумлери, а наскоро ќе имаме можност да ја пуштиме во употреба фекалната канализација со изградена пречистителна станица во населеното место Смилковци, порача градоначалникот Бобан Стефковски.