Се дивее по патиштата – еден возел со 320 км/ч, друг со 3,87 промили алкохол во крвта


 

Македонските возачи поставуваат црни рекорди на патиштата.

Деновиве, радарите на сообраќајната полиција на автопат регистрирале брзина од 320 километри на час. Полицијата информира дека е надминат и рекордот кај оние кои седнуваат пијани зад волан, па кај возач измерени се 3,87 промили алкохол. Дозволено е само 0,5 промили. Со толку алкохол во крвта, чудно е како тој човек не е во кома, а сепак, седнал зад волан.

Во тек е кампања за возење одморени и за внимателно возење. Полициски контроли постојано се на терен, но сепак се појавуваат вакви екстремни случаи.

Вчера, во акција на полицијата на цела територија на државата, регистрирани се 400 возачи кои ја пречекориле дозволената брзина, а дури 230 возачи биле во алкохолизирана состојба, од нив 30 во Битола. Нема старосна граница во овие прекршоци. Фрапантни се и бројките на затекнати возачи кои управуваат без возачка дозвола, најмногу млади лица, велат од полицијата.

На автопатот Куманово-Скопје-Велес санкционирани се 82 возачи за брзо возење. Од нив, 28 возеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволената, а еден над 70 километри на час над дозволената брзина.
 
Акциската контрола на полицијата е спроведена денеска, а од МВР најавуваат дека ваквите контроли ќе продолжат со цел поголема безбедност на патиштата.

 

Полициски службеници од СВР Битола денеска во периодот од 10 до 15 часот спроведоа зајакната акциска контрола на територијата на СВР Битола за санкционирање возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 61 возач, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Најголем дел од санкциите, како што посочуваат од МВР, се изречени во Битола-28, Прилеп-14…

-Засилените акциски контроли продолжуваат, информираат од МВР и апелираат сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.