СДСМ за данокот за малите пратки: Мора ли оваа власт да го дере народот за сешто?

Власта донела одлука од 1 ноември граѓаните да мора да плаќаат ДДВ и за најмалите порачки од странство и тоа за пратки под 22 евра! Па до евтините пратки кои луѓето ги нарачуваат и ги плаќаат скромно ли и дојде на власта? – прашуваат од СДСМ откако беше објавена оваа одлука која главно ќе ги погоди тие што нарачуваат евтини проуизводи од кинеската платформа Тему.
-Наместо да ги заштитат интересите на обичниот човек, на младите и семејствата кои преку интернет нарачуваат евтино, Мицкоски и неговата влада избраа да им го олеснат џебот дополнително. Мора ли оваа власт да го дере народот, кај ќе стигне за се и сешто? Зошто се удира по џебот на граѓаните и се ускратува можноста да купуваат поевтино онлај? Или Мицкоски до толку е седнат во скутот на олигарсите па удира по народот за да им обезбеди профити по секоја цена?
Уште еднаш се потврдува дека за Мицкоски и ДПМНЕ профитот на неколкумина моќници и олигарси е поважен од стандардот на народот. Ова е уште еден удар врз граѓаните во време кога цените растат, платите мируваат, а економијата е во пад. Владата на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ја претвора Македонија во земја каде што богатите стануваат побогати, а обичниот човек плаќа за нивниот луксуз додека не може да врзе крај со крај, порачаа од СДСМ.