СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ одмага од почеток на пандемијата 


 

Од почетокот на пандемијата ВМРО-ДПМНЕ седи на страна, одмага, ја поткопува борбата против пандемијата со што работи на директна штета на здравјето на граѓаните, порачуваат од СДСМ со соопшрение.

-Дури велеа дека пандемијата не постои, дека е тоа алиби за одлагање на изборите.

Цело време ширеа невистини. Христијан Мицкоски лажеше дека нема тестови, дека нема заштитна опрема за здравстените работници додека кршеше мерки, шеташе по кафани, фитнес сали.Неговиот Вело Марковски дури велеше дека вирусот не постои, дека маските се непотребни, дека треба да се стекне колективен имунитет.Еве и вчера, истиот Вело Марковски продолжува, сега отвара сомнеж во процесот на вакцинација.Нивната министерка во техничката Влада, Кочовска, го кочеше процесот за изградба на 16 модуларни билници ширум државата.

Тоа е ВМРО ДПМНЕ. Не се грижи за јавното здравје, за напорната работа на здравствените работници, за сите кои се на првата линија против Ковид 19.Ако ВМРО ДПМНЕ мисли дека со седење на страна, со поткопување на здравствениот систем ќе профитира врз грбот на заболените и починатите, тоа ја покажува само нивната морбидност и нечовечност, порачуваат од СДСМ.

Од ВМРО-ДПМНЕ претхпдно обвинија дека со Венко Филипче на чело на Министерство за здравство гробиштата се полни, а парковите празни, со оценка дека власта потфрлила на секое поле.

-За два дена имаме 100 починати од КОВИД-19. Секој час умираат по двајца наши сограѓани. Македонија страда како да е во војна, а Заев и Филипче се однесуваат расипнички, возат мотори и летаат со хеликоптери на државна сметка.Пандемијата спласнува во земјите каде вакцинацијата е во напредна фаза, а кај нас секој ден е нов пик, а вакцини нема. Имаме повеќе вакцини од донации, отколку купени, поерачаа од опозицијата.