СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ има бугарски капитал


 

Бране Петрушевски, човекот кој граѓаните го паметат како борец против покачувањето на платите и непријател на работниците, очајно се обидува преку лаги да ја скрие вистината за Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ. А вистината е дека пола раководство води фирми во Бугарија и според информациите во медиумите така ја финансираат партијата, одговара СДСМ на прес-конференцијата на пратеникот Петрушевски. 

„Затоа Бране Петрушевски и Мицкоски се надеваат дека со своите измислени приказни ќе го покријат срамот и лицемерието на нивната партија. 

Година и пол неспособните од ВМРО-ДПМНЕ ја замајуваат јавноста, со хибридни напради, со дестабилизации, со дронови и измислени афери кои и пропаднаа една по една. Причината е јасна, друго не знаат да сработат и да понудат.

Му порачуваме на Бране Петрушевски и ВМРО-ДПМНЕ дека се прочитани и дека граѓаните овие нивни лаги веќе не ги слушаат. Наместо решенија и проекти, ВМРО-ДПМНЕ понуди само црна кампања против опозицијата, очајна стратегија на неуспешни и пропаднати политичари кои за година и пол докажаа дека власт не ја заслужуваат“, се вели во соопштението на СДСМ.