СДСМ тврди дека породилното доцни и до еден месец


 

Владата на Христијан Мицкоски ги остави мајките и новороденчињата без основната сигурност што им следува по закон, тврдат од СДСМ.

„Породилниот надомест доцни по 20 дена, а има мајки кои чекаат и повеќе од 30 дена. Фондот ова го признава и вели дека тоа било во ред. Понижувачки и нечовечки е да се дозволи мајките да се јавуваат и да молат за исплати и да немаат пари за пелени и млеко“, рече Елена Радеска од партијата.

„Ниту во време на светска економска криза ниту кога имаше хакерски напади на Фондот. Ова не се случило под ниту една друга влада. Ова е директен резултат на неспособност и на расипнички приоритети на Христијан Мицкоски и неговиот другар Сашо Клековски.

Секој ден слушаме за нов скандал, нова злоупотреба, нов непотизам. 

СДСМ бара Фондот веднаш да ги исплати сите заостанати породилни надоместоци без одложување. Бараме фиксен датум на исплата секој месец, како што со право бараат мајките.

Бараме Владата јавно да ја објави состојбата со Фондот и да каже каде завршиле парите што треба да бидат исплатени на секоја мајка во оваа држава. Дали е точно дека сите доцнења се заради неликвидноста на буџетот?“, рече Радеска.