СДСМ тврди дека од растот на цените профитирал „бизнисот на ВМРО“


 

Опозициската СДСМ денеска повторно ја прозва владата зошто не реагира за да се спречи порастот на цените кој е резултат од војната на САД и Израел против Иран.

„Веќе три недели цените на горивата растат поради кризата на блискиот Исток а Владата на Мицкоски не презема ништо. Спиралата на раст на цените на храната започна. По маркетите се започнати поскапувањата, маслото за јадење е над 100 денари, јајцата над 300 денари, зеленчукот и овошјето над 100 денари за килограм, основните производи стануваат луксуз. 

Се најавува и ново зголемување на цените на горивата. Потоа и да се стабилизираат цените на светските берзи цените во маркетите нема да се намалат.

Зошто владата не презема ништо? Чека да се зголеми сиромаштијата, народот да нема за леб, да не може да се прехрани?

Очигледно треба да профитира приватниот бизнис на ВМРО врз грбот на народот.

Ова намерно игнорирање на владата ги чини македонските граѓани 4,5 милиони евра повеќе.

Македонската економија со Мицкоски тоне, индустриското производство има пад од 9,4 отсто, странските инвестиции се намалени за 61 проценти. Се намалува бројот на вработени, се отпуштаат македонски работници за „економски работници“.

Сите влади во регионот веќе од прв ден преземаа мерки, само на владата на Мицкоски свесно не прави ништо. Очигледно намерно“, велат од СДСМ.