СДСМ: Срамно е тврдењето на Мицкоски дека македонскиот јазик е кодифициран во 1977 година
СДСМ реагира на интервјуто на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за српска телевизија во кое рекол дека македонскиот јазик е кодифициран од 1977 година место 1945 година.
-Срамни се тврдењата дека нашиот македонски јазик бил кодификуван во 1977 година. Македонскиот народен јазик постоел, постои и ќе постои се додека има Македонци кои го говорат својот мајчин јазик.Но, срамота е за Мицкоски, срамота е за еден македонски политичар да не знае кога е кодификуван неговиот јазик.
А Мицкоски на српска телевизија, пред српската јавност, тврдеше дека македонскиот јазик бил кодификуван дури во 1977 година.Да ги слушнеме изворно ставовите на Мицкоски за македонскиот јазик: https://youtu.be/ fzdO39DSXYU
Дали е ова незнаење или намерен обид да се загрози македонскиот јазик, тоа треба да каже самиот Мицкоски.Но, секој ученик по македонски јазик и секој македонски граѓанин знае дека Кодификацијата на Македонскиот јазик е поврзана со следниве историски настани:
Прво, со Решението на Првото заседание на АСНОМ (2 август 1944) за воведување на македонскиот како службен јазик во македонската држава;
Второ, со Решението на Президиумот на АСНОМ од мај 5 мај 1945 година за македонската азбука;
И трето, со официјалното усвојување на македонскиот правопис – 7 јуни 1945 година.
Затоа и Владата предводена од СДСМ го усвои 5 мај за Ден на македонскиот јазик, на денот кога е усвоена македонската азбука. Ова се почитувани, историските документи кои очигледно Мицкоски не ги знае.При вакви историски факти, да се тврди дека македонскиот јазик е кодификуван дури во 1977 година е нанесување директна штета на македонските национални интереси.Сега е уште повеќе јасно зошто ВМРО-ДПМНЕ во нивното 11 годишно владеење не отворија уста за македонскиот јазик, зошто намерно дозволија пропаѓање на бројни лекторати по македонски јазик ширум Европа, порачуваат од СДСМ.